ХАЗУ бара од хрватската Влада да го услови влезот на Србија во ЕУ со признавање на хрватскиот јазик
Хрватската академија на науките и уметностите (ХАЗУ) и предложи на владата како еден од условите за пристапување на Србија во ЕУ, да побара од владата во Белград „јавно и недвосмислено да го признае хрватскиот јазик“ како посебен и независен стандарден јазик и еден од официјалните јазици на ЕУ, соопшти Хина, а пренесе белградски ФоНет, повикувајќи се на изјава на Одборот за нормирање на хрватскиот стандарден јазик на ХАЗУ.
Изјавата е прифатена од раководството на Академијата, со што стана официјален став на Хрватската академија на науките и уметностите, се наведува во соопштението.
Одборот, како се наведува, ја усвоил изјавата „земајќи го предвид фактот дека културните и јавните тела на Србија, како и институциите финансирани од нејзиниот буџет, често со години го негираат постоењето на хрватскиот јазик и неговата историја и го присвојуваат хрватското книжевно наследство, особено хрватската книжевност на Дубровник, објаснувајќи го тоа со тезата дека дубровничките писатели наводно пишувале на српски јазик“.
Изјавата, како што се додава, е „донесена поради фактот што во образовната програма во училиштата во Република Србија хрватскиот јазик лажно е претставен како српски јазик кој само се нарекува со хрватско име“.
Освен до хрватската јавност, изјавата е испратена и до премиерот Андреј Пленковиќ, јави Хина.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација