-->
-->
Хекуран Дука е привремен градоначалник на Дебар
-->

По смртта на градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, оваа функција моментно ја извршува Хекуран Дука, советник од редовите на Демократската унија за интеграција.
Дука, лекар специјалист-уролог во Општата болница во Дебар и до сега го заменуваше градоначалникот во негово отсуство.
- Според законот Владата на Република Македонија треба да одржи седница на која ќе ја констатира состојбата,по што Советот на општината со мнозинство гласови треба да избере вршител на должноста градоначалник. Во рок од шест месеци треба да бидат спроведени избори за нов градоначалник,изјави за МИА, Или Мирзо,секретар на општина Дебар.
Ружди Љата,кому ова му беше втор градоначалнички мандат, по кусо и тешко боледување, почина на 24 ноември, на 65-годишна возраст.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Бесплатни превентивни прегледи за жителите на Кисела Вода по повод Светскиот ден на здравјето
-

Подобрена состојбата со јавниот превоз, 180 автобуси сообраќаат на линиите, вели Ѓорѓиевски
-

Мицкоски: Со навремените мерки спречивме инфлацијата да биде двојно поголема
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
