Loading Video...
Кошарка
17. January 2020 - 11:57

Химки го надигра Реал

Кошаркарите на Химки го изненадија фаворизираниот Реал Мадрид и го победија со 102-94 во натпревар од 20.коло на Евролигата. 
 
Клучни за победата на московскиот тим беа почетните три минути во последната четвртина во кои направија серија од 10:0, па стигнаа до највисоката предност од 24 поени, која „Кралевите“ не успеаја да ја анулираат. 
 
Алекс Швед со дабл-дабл од 21-поен и 13 скокови беше предодник на Химки до само деветата победа сезонава, додека Реал го претрпе петиот пораз.
 
Тоа го искористија екипите на Барселона и Макаби кои сега имаат само една победа помалку од Реал.
 
Барселона славеше на гостивањето во Истанбул против Фенербахче со 80-74, а Макаби во Тел Авив ја совлада Олимпија Милано со 69-63.