Loading Video...
Кошарка
6. December 2019 - 13:47

Хјустон го доби дербито со шампионот Торонто

 
 
Екипата на Хјустон го доби дербито на вечерта во НБА лигата, совладувајќи го шампионот Торонто на гостински терен со 119-109. 
 
Бен Меклмор со 28 поени беше прв стрелец во победничката екипа, за која Харден постигна 23, а Расел Весбрук оствари „трипл-дабл„ со 19 поени, 13 скока и 11 асистенции. 
 
Најнеизвесниот меч го одиграа Ну Орлеанс и феникс кој „Санси“ го добија по продолжение со 139-132. 
 
На останатите два натпревари, Вашингтон ја изненади и порази Филаделфија со 119-113, а Денвер немаше проблеми на гостувањето кај Њујорк кого го совлада со 129-92