Loading Video...
Спорт плус
22. October 2022 - 10:47

Хорхе Мартин најбрз во квалификациите за утрешното Гранд-при на Малезија

Хорхе Мартин од Дукати ќе стартува од пол-позицијата на утрешната претпоследна трка во сезоната во Мото ГП шампионатот.  Возачот на Дукати оствари најбрзо време во денешните квалификации за Гранд-прито на Малезија и утре ќе ја има првата стартна позиција.
 
Во првиот ред, но зад Шпанецот за кого ова е четврти пат сезонава да ја има пол-позицијата, ќе бидат Италијанецот, Енеа Бастианини односно повеќекратниот светски првак Марк Маркез на Хонда. 
 
Лидерот во Генералниот пласман Франческо Бањаја и неговиот конкурент за титулата, актуелниот првак Фабиот Квартараро ќе започнат од 9-тата и 12-тата стартна позиција.
 
На две трки до крајот на сезоната лидер во генералниот пласман е Бањаја со 14 бодови повеќе во однос на Квартараро, а сеуште, барем теоретски,  во игра за шампионската титула се и Еспаргаро и Бастианини. 
 
Стартот на утрешното малезиско Гранд при е во 9 часот наутро