Балкан
15. September 2016 - 9:35

Хорор: Училишен автобус влета во куќа, две деца тешко повредени

Во судар на училиштен автобус и патничко возило, што се случи синоќа во белградската населба Бусија се повредени две деца.

Несреќата се случила кога автомобилот не почитувајќи ја сообраќајната сигнализација, удрил во автобус кој превезувал ученици.

Две деца се повредени, при што едно момче (12) се здобило со потрес на мозокот, а на едно девојче (11) му се скршени сите предни заби.

Foto: Čitalac Kurira

Како што наведува очевидец, автомобилот кој предизвикал судар не запрел на знакот стоп и удрил во предното десно тркало на автобусот кој потоа се забил во блиската куќа при што е повреден и човек кој бил бо неа.

Неофицијално имал скршени ребра од паднатите цигли и е во болница.

Foto: čitalac Kurira

Со возила на брза помош повреденото момче е префрлени во ургентниот центар, а девојчето на Максилофацијалната клиника/

Несреќата да биде полоша, при сударот е пробиена водоводна цевка, па дел од населбата е поплавен.