Свет
17. December 2018 - 14:12

Хорор во Индија: Сосед силувал тригодишно девојче, таткото го пронашол крваво и без свест во неговиот стан

Тригодишно девојче кое во Делхи е силувано од соседот (40) е во критична состојба.

Обвинетиот е чувар во зградата каде малечкото девојчи живее со родителите и веднаш е уапсен.

Полицијата затекнала одвратна глетка: онесвестеното дете лежело на падот и крварело. Веднаш го однеле во болница, каде е оперирано, но и натаму е во критична состојба.

Ова брутално силување се случило вчера, на шестата годишнина од ѕверското групно силување на студентка во автобус во Делхи кое ја разбуди индиската јавност и после кое и почна борбата против овие ѕверски злосторства.

Во времето на злосторството малечката била сама: родилите биле општи работиници и заминале да работат за надница. Чуварот, веројатно ја намамил со слатки, ја внел во станот и ја силувал/

Кога се вратиле од работа родителите, околу 16 часот, виделе дека им го нема детето и веднаш повикале полиција. Таткото се симнал кај чуварот кој живее во приземјето, и го нашол своето дете како лежи крваво и во несвест на подот. Чуварот сакал да побегне, но таткото го запрел, ги повикал соседите и полиција.

Кога соседите сфатиле, го фатиле злосторникот и така го претепале што полицајците морале да повикаат и лекари за него за да му ги санираат повредите пред да го уапсат.

За ова злосторство, злосторникот може да биде осуден на смрт.