Балкан
25. May 2017 - 19:41

Хорор во затвор: Го заклал цимерот па му ги јадел ушите

Марко Јовановиќ (27), кој пред шест месеци свирепо го уби својот цимер Рамиз Шариќ (34) во затворската ќелија во Падинска скела, по она што и го сторил на својата жртва може слободно да се нареч „нишки Ханибал Лектор“! Во затворот се наоѓа поради двојно убиство на девојката и на соседот, за што добил 40 години робија.

Обдукцискиот наод покажа дека Јовановиќ момчето прво го задавил и така онесвестен со жилет му го сечел вратот. На гркланот се изброени 10 исеченици.

-Кога видел дека несреќниот Шариќ е мртов, најверојатно од досада му ги гризел ушите. Чуварите го затекнале со крвава уста, а на убиениот му фалеле делови од ушите. По ѕидовите на ќелијата се испишани некои знаци со крвта на убиениот, објаснуваат од затворот.

Интересно е што Јовановиќ ниту по половина година не сака да каже зошто го убил цимерот со кој ја делел ќелијата. Тој ниту на сослушуваето кај обвинител не сакал а ја изнесе својата одбрана - со оглед на тоа дека и онака издржува затворска казна од 40 години, очигледно сметал дека нема цел да се оправува за ѕверскиот чин.

Наместо тоа, Јовановиќ се забавувал со тоа простачки и насилнички да настапи кон обвинителот во овој предмет.

Foto: Privatna arhiva

“Нишкиот Ханибал Лектор“ во Падинска скела инаку служел 40 години робија поради двојно убиство кое во октомври 2010 година го сторил во нишката населба Дуваниште. Марко, исто така со сечило ја убил тогашната своја девојка Данијела Јовановиќ (27) и нејзиниот сосед Александар Китановиќ (23). Мотивот за убиството на Даниејела било љубомора, а на Александар му се намерачил зошто во полиција го пријавувал за кавгите со девојката.

Две убиства во затворот

Во Падинска скела минатата година се случиле две убиства. Во јануари 2016 година, Зоран Марковиќ (36) го убил цимерот Предраг Амовиќ (36). Убиството исто така се случило во раните утрински часови, со тоа што убиецот не користел сечило, туку врвки, со кои ја задавил жртвата додека спиела. Двајцата цимери претходно се скрале, а причина за тоа е што Амовиќ подолго време го понижувал Марковиќ, а често му зборувал дека е кодош и го навредувал.