Loading Video...
Свет
8. December 2022 - 16:27

Хрватска доби зелено светло за влез во Шенген зоната, за Бугарија и Романија немаше консензус

Хрватска доби зелено светло за влез во Шенген зоната, додека за Бугарија и Романија немаше консензус на денешниот состанок на министрите на ЕУ во Брисел. 

Австрија и Холандија пред состанокот најавија дека нема да гласаат за двете земји, за кои тврдат дека ги немаат исполнето условите. 

Пред состанокот претседателот Радев упати молба и апел до европските колеги да ја примат Бугарија во Шенген зоната, и покрај критиките за корупција и организиран криминал.