Loading Video...
Фудбал
9. December 2022 - 11:20

Хрватска и Бразил ја отвараат четвртфиналната рунда на Мундијалот (16 часот)

По два слободни дена на Светското фудбалско првенство во Катар, продолжуваат возбудувањата со натпреварите од  четвртфиналето. 

Битката за влез во „ТОП четирите“ ќе ја започнат Хрватска и Бразил со натпреварот од 16 часот. 
 
Иако загубија од Камерун во последната рунда од групната фаза „Кариоките“ досега покажаа најмногу на првенството. Со право аналитичарите и букмејкерите ги одредија Бразилците како главни фаворити за шампионскиот трофеј. 
 
Со тоа се сложува и одбранбениот фудбалери на хрватската репрезентација Ловрен, кој сепак потенцира дека смета дека и Хрватска ќе се прашува за конечниот исход на овој дуел. 
 
„Бразил дефинитивно е фаворит, беа и пред ова СП. Да бидеме реални, кога ќе видиме какви играчи имаат на сите позиции, тие буквално имаат две селекции кои во секој момент можат да го променат текот на натпреварот, па дефинитивно тие се фаворит. Но, искрено, ние немаме проблем со тоа. Ги цениме сите и така ќе играме“., изјави репрезентативец на Хрватска, Дејан  Ловрен.
 
Но, и во таборот на Бразил се свесни дека противникот е искусен тим кој знае како да стигне до целта, а таа и овојпат како и пред четири години е финале. 
 
„Хрватска го има истиот тим што играше во финалето против Франција на последното Светско првенство. Ние мораме да бидеме подготвени, не само против Лука Модриќ, туку за сите играчи во нивниот тим. Тие секогаш се добро подготвени,  играат во големи клубови знам дека ќе дадат се од себе за да се обидат да не победат, но дали тоа ќе биде доволно ќе видиме“, изјави напаѓачот на бразилската селекција и Реал Мадрид, Винициус.
 
Притисокот секако ќе биде поголем на страна на Бразил кој цели 20 години чека на ново финале, откако на шампионатот во Јапонија и Јужна Кореја 2002.година, за последен пат играше на завршниот меч, на кој „Кариоките“ стигна и до петтиот трофеј, со што станаа најтрофејната нација. 
 
 Мечот меѓу Хрватска и Бразил ќе биде првиот од четвртфиналниот сегмент, а победникот од овој натпревар ќе игра со подобриот од вториот денешен меч во кој ќе се сретнат Хоандија и Аргентина. 
 
Натпреварите ќе започнат од 16 и од 20 часот, термини во кој утре, ќе се играат и четвртфиналните дуели меѓу Мароко и Португалија, односно Франција и Англија, по кои ќе биде познат и вториот полуфинален пар.