Loading Video...
Балкан
21. November 2021 - 16:28

Хрватска: Тензично на антиваксерските протести

Тензично во Хрватска. Околу 15 000 граѓани излегоа на улиците низ Загреб за да го изразат својот револт против задолжителната вакцинација во јавниот сектор и ковид пропусниците. Реагираат дека оние кои не сакаат да се вакцинираат се дискриминирани бидејќи им се оневозможува пристап до работа, студирање и им се кршат основните уставни права и слободи.

Дел од демонстраните се обидоа да влезат во Хрватската радио телевизија, но планот не им успеа бидејќи беа сопречени од полицијата. Во притвор заврши 61 годишна жена која преку СМС порака се заканува дека ќе ги убие членовите на Националниот штаб за цивилна заштита.