Хрватска забрани увоз на кекси од БиХ и Србија

Хрватската санитарна инспекција забрани увоз на шест пратки со кондиторски производи од Босна и Херцеговина и од Србија, поради наводно преголемо количество на штетната суспстанца акрималид во нив.
Според Европскиот систем за брзо известување за безбедноста на храната (РАССФ), станува збор за пратки со кекс од БиХ и крекери и интегрални бисквити од Србија.
Истиот извор посочува дека најголемо количество на акрималид, кој се смета за потенцијално канцероген, имало во производите од БиХ, а најмало во српските интегрални бисквити.
Белградскиот весник „Политика“ во денешното издание наведува дека српските надлежни органи веќе стапиле во контакт со производителите на вратните стоки и земале мостри за проверка на количеството на акрималид.
Според весникот, во оваа фаза од контролата, властите не објавуваат за кои производители се работи.
Хрватската агенција за храна не се огласи во врска со овој случај, со образложение дека посочените производи биле запрени на границата и не се појавиле на празарот во Хравтска.
Ново на Сител
-

Топло време со температури до 38 Целзиусови степени
-

Вучиќ: Ова се моите последни недели како претседател на Србија, потоа поднесувам оставка
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
