Хрватска: Загина маж кој со автомобил се забил во бензинска пумпа по што настанал пожар
Едно лице е загинато, а неколкумина се тешко повредени откако вчера попладне автомобил удрил во пумпа на бензинска станица во близина на Омиш, на автопатот Загреб-Плоче во правец на Дубровник, пренесуваат хрватските медиуми.
Според директорот на Одделот за итни служби на сплитската клиничка болница, три лица се пренесени во установата со тешки телесни повреди, а дека животот на едно лице е во опасност.
Од фотографиите и информациите што ги пренесува индекс.хр може да се види дека целосно се изгорени три автомобили, еден бил опожарен, а изгорени и неколку резервоари со гориво.
Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ изјави дека пожарот избувнал околу 17:45 часот на бензинската пумпа во одморалиштето Мосор, кое се наоѓа во близина на Омиш.
„За жал, се чини дека едно лице загина, а неколку се повредени, три лица се пренесени во болницата во Сплит“, изјави Божиновиќ, пренесува телевизијата Н1.
Тој рече дека возилото удрило во пумпата за гориво и оти пожарот е ставен под контрола.
Во гаснењето учествувале осум пожарникари и пожарот бил изгаснат за околу 15 минути, но целата акција за гаснење траела околу еден час.
Според информациите, сообраќајот на автопатот се одвива без застои.
Ново на Сител
-
Терористички напад во Тел Авив, шестмина мртви | ВИДЕО
-
Иран лансираше ракети кон Израел | ВИДЕО
-
Контрола во правно лице во Скопје, затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле во државата
-
Почина жена на Клиника во Скопје
-
Скопјанец со автомобил намерно удрил во тинејџер при што го повредил
-
Пронајдена дрога кај осуденик во штипскиот затвор
-
Роднини од Врапчиште туркале судија и не му дозволиле да изврши увид
-
Ѝ се заканил на судијка дека ќе ја убие, ОЈО поведе постапка