Хуавеј Македонија додели стипендии на десет најдобри студенти по ИТ
Десет студенти од пет универзитети од Македонија денеска ги примија сертификатите за стипендии доделени од компанијата Хуавеј за учество во програмата „Семиња за иднината“.
На затворањето на програмата претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање истакна дека таа е еден од плодовите на одличната соработка меѓу Македонија и Кина. Тој ги охраби студентите да учат и да се надградуваат.
- Искрено ме радува што ја искористивте можноста што нашите партнери од Хуавеј ви ја понудија со програмата. Тоа ви овозможи да ги проширите вашите знаења и вештини од областа на ИТ технологии. Тоа е особено важно денес, во нашиот хиперповрзан свет на глобална и динамична економија, изложена на постојани промени, предизвици и можности, истакна Иванов.
Додаде дека Хуавеј дава пример за општествена одговорност. Потсети дека Хуавеј во 2014 година беше главниот спонзор на обуката за млади лидери, што секоја година се организира во Охрид.
„Семиња за иднината“ како програма ги поттикнува земјите од различни региони да учествуваат во градењето на дигиталното општество. Од 2008 година овој програм овозможува Хуавеј да соработува со локалните средини со цел да го сподели своето ИТ искуство.
Директорот на Хуавеј Македонија Ли Хан посочи дека околу 1.000 студенти од целиот свет го посетиле и учеле во седиштето на Хуавеј. Некои од нив се приклучиле кон Хуавеј или кон други компании.
- Хуавеј засадува долгорочни корени во Македонија, да го подобри инвестирањето и соработката во Македонија, развивајќи се заедно со социјалната и позитивно општествена одговорност, во 2015 година Хуавеј е единствен спонзор на Меѓународната регулаторна конференција 2015 во Македонија и единствен спонзор на македонската национална кошаркарска фондација Супер Куп, истакна Ли Хин.
Ова е првпат, рече тој, Македонија да учествува во ваков проект каде што студенти од пет различни универзитети кои студираат ИТ технологии имале привилегија да патуваат во Кина.
Од 12 до 26 септември оваа година студентите во Пекинг и Шенџен имале можност преку учество на разни работилници, практична работа и запознавање со експерти од Хуавеј да се стекнат со искуство од ИТ технологијата.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Можете да ме убиете, но нема да има преодна или експертска влада
-
Уапсен 23-годишник од Дебар, управувал со возило без возачка дозвола и бил под дејство на алкохол
-
17 годишен скопјанец тешко повреден откако бил нападнат на постојка во Центар
-
Тригодишно дете заболено со голема кашлица
-
Бојкот на продавници во БиХ поради високите цени на основните намирници
-
Мицкоски и Азески го поддржуваат бојкотот на маркетите, сметаат дека дијалогот е единствен излез од оваа ситуација
-
Бислимоски: Наскоро нов пристап за набавка на електрична енергија за државните непрофитни институции
-
Се заканувале со остар предмет и ги земале парите од дневниот промет - приведени двајца разбојници во Куманово