Македонија
5. January 2017 - 10:40

Хуманитарна помош за ранливите категории граѓани од Куманово и Старо Нагоричане

Прехранбени и хигиенски пакети за дваесетина социјално ранливи семејства од руралните подрачја на општините Куманово и Старо Нагоричане донираше хуманитарната организација „Крепост“.

Членовите на организацијата постојано нудат помош за најранливите категории граѓани, а донациите освен, прехранбени продукти, огрев и лекови вклучуваат и бесплатна правна, парична и друг вид на помош.

Според Христијан Георгиевски од „Крепост“, за семејство од Враготурце кое живее во трошната куќичка и кои имаат здравстевени проблеми членовите на организацијата им обезбедиле шпорет на дрва за студените зимски денови.

- За децата со посебни потреби од ОУ „Браќа Миладиновци“ од Куманово обезбедивме преку 50 пакетчиња со школски прибор за полесно да им минуваат училишните  денови, а за семејствата од руралните средини од Старо Нагоричане обезбедивме единаесет донации со храна за да можат достоинстевно да ја дочекаат Бадниковата вечер и традиционалното Божикно утро со најблиските, рече Георгиевски.

Бројот на членови во организацијата постојано се згломеува и опфаќа различни категории, физички и правни лица, студенти, академски граѓани, средношколци, инспектори, адвокати, судии, полициски службеници, занатечии и домаќинки кои заеднички на сопатвена иницијатива помагаат на сограѓаните на кои помош во даден момент им е најпотребна.