-->
-->
Хуманитарна помош за старите и иизнемоштени лица во Македонска Каменица
-->
Општина Македонска Каменица денеска додели пакети со храна и средства за лична хигиена на стари и изнемоштени лица.
Градоначалникот на М. Каменица, Дарко Митевски, кој лично беше во посета на старите лица, истакна дека оваа практика општината ја спроведува веќе трета година.
- Скромните подароци што им беа подарени на овие изнемоштени лица се само симболика на огромната грижа и залагање на Општината во подобрувањето на условите и квалитетот за живот на сите, а посебно за најранливите категории на граѓани. Денешната посета на стари и изнемоштени лица е една од многуте активности кои се реализираат благодарение на одличната соработка помеѓу општина Македонска Каменица и Здружението на пензионери, рече Митевски.
Во рамките на социјалната програма, Каменица во соработка со рудникот Саса, годишно дели околу 1.000 пакети од кои 250 се хуманитарни за ранливите категории, лица со пречки во развојот, социјални случаи, како и стари и изнемоштени лица, додека другите пакети се новогодишни и наменети за децата од градинката и основното училиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повеќе загинати и повредени во пожар во руска нафтена рафинерија
-
Едно лице загина, осуммина се повредени при уривање на зграда во Истанбул
-
Приведен дилер од Свети Николе
-
62-годишник во Кочани се самозадоволувал пред малолетничка
-
Тешко повреден затвореник во Идризово по тепачка измеѓу две групи
-
Исчезна 33 годишна скопјанка
-
Европскиот фронт усвои политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите
-
Попов: ВМРО-ДПМНЕ нема да си игра со чувствата на младите, ќе ги решаваме нивните проблеми