Свет
29. September 2022 - 16:32

И четврто оштетување на гасоводот Северен тек

Шведската крајбрежна стража детектираше уште едно, четврто истекување на гасоводот Северен тек. Засега има вкупно две пукнатини во данските економски води и две во шведските. Во подрачјето на истекувањето се прават инспекции, но вистинска истрага ќе има дури за две недели поради притисокот во цевките Британските разунавачки служби тврдат дека оштетувањата се направени со диригирани подводни мини.

Засега нема докази кој стои зад саботажата, туку само меѓусебни обвинувања на релација Москва - Запад. НАТО подготви заедничка изјава во која се вели дека на секој напад на нивната инфраструктура одлучно ќе одговорат со заеднички сили. И Русија бара фер истрага, а на нивно барање утре треба да се одржи седница на Советот за безбедност на ОН. Според Москва водите каде се случило истекувањето се под контрола на американските разузнавачки служби. Обвинувањата на руска сметка се оценуваат како апсурни и глупави, Песков посочува дека од целава ситуација ќе профитира само САД.

Мегутоа европските разузнавачи  за ЦНН тврдат дека последниве денови  руски бродови  и подоморница се забележани блиску до местата каде има истекувања, но данските безбедносни служби велат дека тоа  не е нешто невообичаено во таа област. И додека се бара виновникот, пукнатините чекаат  на санација.Германците предупредуваат дека  гасоводот може да биде и трајно затвотрен доколку брзо не се санираат штетите.