Македонија
29. July 2022 - 17:17

И рекол дека ако вложи пари во странска банка ќе добие награда од 1 милион долари, измамена кавадарчанка

На 28.07.2022 во Полициската станица Кавадарци, 40-годишна жена од Кавадарци пријави дека во периодот од 2019 до 2022 година од едно лице била доведена во заблуда дека за вложени пари во странска банка ќе добие голема камата и награда од 1 милион долари, информираат од МВР

Според пријавеното, таа му дала пари на рака, а потоа и уплатила пари на сметка на банката. Како што е пријавено, во мај 2022 си ги побарала парите преку електронска адреса на која контактирала со банката, но трансферот на пари, кои требало да ѝ ги вратат, не бил реализиран. Се работи на расчистување на случајот.