Македонија
14. April 2024 - 16:33

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го одбија условот на ДУИ

И СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ повторно го одбија условот на ДУИ за поддршка на нивниот претседателски кандидат во вториот круг во замена за тоа следниот избор на Претседател да се изврши во Собранието.
Претседателот треба да се избира од граѓаните, повторија денеска од Бихаќка.

И штабот на Пендаровски утрово во писмено соопштение рече дека не го прифаќа условот на ДУИ.

Не ја прифаќаме уцената на Артан Груби, порачаа утрово и од опозицијата.

Вчерашната изјава на Артан Груби дека поддршка односно услов за поддршка и добивање на гласовите на ДУИ за претседател во вториот круг е избор на претседател на држава во Собрание, не е ништо друго освен ултиматум – велат од ВМРО-ДПМНЕ

Груби вчера во тема на Денот рече дека не му е проблем да условува со предлог кој двете најолеми партии веќе го одбија

Изборот на Претседател со бадентерово мнозинство ќе го направи ДУИ еден од клучните фактори во оваа постапка. Интегративците пред секој претседателски изборен процес излегуваат со слични барања за консензуалност имајќи предвид дека досега ниту еден од нивните кандидати никогаш не успеал ниту да се доближи до влез во вториот круг.