Македонија
13. November 2026 - 12:23

И во месец ноември Охрид има посетители

Туристите од Турција, Србија, Германија и Полска најбројни на охридската ривиера но, не изостануваат ни оние од подалечните земји.

Охрид со својата историја, архитектура, духовно и културно наследство останува привлечен за посетителите кои бараат повеќе од класичен летен одмор.

Во септември, од вкупниот број туристи, 24.9% се домашни, а 75.1% се странски туристи.

Понудата треба да се стреми кон барањата на туристите и тоа претствува трка помеѓу побарувачката и понудата.

Според податоците на Државниот завод за статистика во периодот јануари – септември 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 3.0%, односно кај домашните туристи има зголемување за 2.8%, кај странските има зголемување за 3.0%, а пораст има и кај ноќевањата за 3.5% .