Македонија
30. May 2023 - 16:33

И за министерот Меџити Веле Поле останува опција за изградба на нов Клинички центар - како би се финансирал се уште не знае

Изградба на нов Клинички е приоритет и за Фатмир Меџити. И тој како претходниот министер ќе бара консензус од опозицијата и консултација со повеќе страни,  но не сака да ветува дали до изборите до година ќе биде удрен камен темелник на претходно одбраната локација Веле Поле.

-Новиот клинички центар е голем капитален проект, ќе ни треба поширок консензус меѓу партиите и во општеството. Во неколку наврати потврдив дека го имаме не само Клинички, туку и концептот на регионаните центри, но тоа нема да се случи утре. Тоа е покомплексен проект и треба повеќе страни да се консултираат, рече Фатмир Меџити, министер за здравство.

Во меѓувреме компанијата која требаше да гради Клинички Центар на сегашната локација во 2017-та бара отштета од најмалку 18 милиони евра поради раскинување на договорот и во тек е арбитражна постапка пред судот во Париз.

Освен информацијата за Клинички до Влада било доставено и барањето за спојување на Клиниките во една целина раководена од еден или двајца менаџери, а со тоа да бидат укинати и 50-тината директорски позиции кои годишно државата ја чинат 500.000 евра. Меџити најави дека тоа ќе се случи од Нова година.