Loading Video...
Фудбал
2. January 2020 - 15:55

Ибрахимовиќ се врати Милано ќе ги спасува „Росонерите“

 
Шведскиот интернационалец Златан Ибрахимовиќ се врати во Милано, каде ќе ја продолжи својата кариера. 
 
Тој денеска треба да биде преставен како најголемото засилување во зимскиот трансфер период за калчолигашот Милан. 
 
38-годишниот Швеѓанец, се согласил на шестмесечен договор, односно позајмица, со опција по завршувањето на сезоната договорот да биде продолжен на дополнителна една година. 
 
Тој треба да му помогне на Милан кој се наоѓа во тешка резултатска криза, а по 17 одиграни натпревари со 21 освоен бод е на 11 место на табелата во Серија А. 
 
Ова ќе биде втор пат како популарниот „Ибра“ ќе го носи дресот на „росонерите“, откако за Милан настапуваше во периодот од 2010 до 2012 година период во кој постигна вкупно 36 голови. 
 
Претходно Ибрахимовиќ настапуваше за: Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед, а од 2018-тата го носеше дресот на американскиот ЛА Галакси.