ИД егзекутира 250 жени затоа што одбиле „сексуален џихад“
Припадници на таканаречената Исламска држава убиле 250 жени во Мосул затоа што одбиле да станат сексуални робинки на групата „сексуален џихад“.
На жените им било наредено да стапат во „привремени бракови“ со борците во северен Ирак, каде е упориштето на оваа терористичка група, јави британски „Дејли мејл“.
Кога тоа одбиле, припадниците на ИД ги заклале заедно со нивните семејства, изјави официјален претставник на Демократската партија на Курдистан.
Уште едно официјално лице од Патриотската унија на Курдистан објасни дека на жените им е забрането да бидат сами во Мосул и дека мораат да бидат целосно покриени во јавноста.
- На жените им се забранува и да изберат за кого ќе се омажат, рече Каиас Сурхи за „Дејли мејл“.
Мосул е под контрола на екстремистите од 2014 година.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло