Македонија
5. March 2021 - 19:45

Игор Спасов екстрадиран во Македонија - Попладнево донесен во Идризово

По година и половина бегство Игор Спасов попладнево беше екстрадиран во Македонија. Поранешниот полициски специјалец од денеска е вратен во затворот Идризово на доиздржување на 14-годишната затворска казна за убиството на Мартин Нешковски. На 1 февруари Спасов беше приведен од страна на бугарската полиција во Софија по пријава за семејно насилство.

Постапката за екстрадиција ја водеше министерсотвото за правда од каде потврдуваат дека нивното барање од бугарските власти било прифатено на 26 февруари.

За македонските истражни органи Спасов беше недостапен од 2019-та откако го напушти затворот во Идризово поради здравствени проблеми и потреба од операција. Каде е Игор Спасов македонската јавност дозна од бугарските медиуми откако пред еден месец беше објавена информацијата дека е приведен во Софија.

За убиството на Мартин Нешковски, поранешниот полициски специјалец треба да одлежи уште 7 години и 3 месеци затвор.