ИЈЗ: Во 2025. регистрирани 38 случаи на ХИВ/СИДА во Македонија

Триесет и осум пријави за новорегистрирани лица со ХИВ/СИДА во Македонија се пристигнати оваа година, заклучно со 27 ноември, според податоците што ги објави Институтот за јавно здравје во извештајот објавен по повод 1 декември, Светски ден за борба против СИДА.
ИЈЗ нагласува дека ова претставува инциденца од 2,1 на 100.000 жители. За споредба, инциденцата во земјите на ЕУ/ЕЕА во 2024 била 5,3/100.000 жители.
Бројот на случаи во 2025 година е помал за 25,5 отсто споредено со истиот период од 2024 година кога бил регистриран 51 случај.
Од случаите во 2025 година, најголем дел (n=15) се со место на живеење во Скопје со инциденца од 2,5/100.000 жители. Останатите случаи се регистрираат како спорадични случаи во 14 градови од Македонија. Еден случај во 2025 е странски државјанин.

Ново на Сител
-

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени
-

Извршени првите тренажни летови со „Ер тракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување
-

Во пораст бројот на заболени од рак на грлото на матката, најмладите пациентки се на 18 годишна возраст
-

Победи за Алкараз, Медведев и Сабаленка на Австралија опен
-

Ѓоковиќ го откажа тренингот во Мелбурн
-

Извлекување на двојките за ¼ финалето од фудбалскиот Куп
-

ЕХФ ЕУРО 2026: Хрватска – Исланд за старт на дуелите од група 2
-

Пожар кај Тутунски комбинат, зафатена автомеханичарска работилница | ВИДЕО
