Илир Мета кандидат за нов претседател на Албанија
Актуелниот прв парламентарец и лидер на Движењето за социјалистичка интеграција, Илир Мета повеќе од сигурно е дека ќе биде новиот шеф на албанската држава.
По трите неуспешни кргови во Парламентот, во кои и немаше кандидат, на денешната седница на законодавниот дом, закажана за попладнево во 17 часот ќе се спроведе четвртиот круг.
Движењето за социјалистичка интеграција ги собра потребните потписи за кандидатурата на Мета, а синоќа одлука да ја подdржи неговата кандидатура донесе и Претседателството на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама.
Веста по седницата на партиското претседателство ја соопшти социјалистичкиот пратеник Таулант Бала, додавајќи дека одлуката е донесена едногласно.
Потврда за тоа дека во претседателката резиденција веќе го гледа Илир Мета, дојде доцна синоќа и од премиерот Еди Рама, кој гостувајќи во емисијатa „Топ Стори“ на телевизијата Топ чанел, рече дека Мета е потребниот избор за претседател.
- Мета е претседател кој со сигурност може да ја компензира големата празнина што ја имавме до сега. Тоа е еден претседател, поврзан со сите. Има почит од сите, зборува со сите и на сите има го кажува она што го мисли, рече Рама.
Албанскиот законодавен дом брои 140 пратеници. Според уставот се спроведуваат пет круга на гласање. Во првите три круга, предложениот кандидат, за да стане шеф на државата треба да добие поддршка од две третини од пратениците, односно 84 гласови. Во четвриот и петтиот круг потребно е просто мнозинство од пратениците, односно 71 глас.
Доколку биде избран, Мета ќе биде седмиот претседател на Албанија по падот на тоталитаризмот во земјата, кога за прв плурален претседател беше избран Рамиз Алија ,(кој беше и последен комунистички претседател). Потоа, него го замени Сали Бериша, по кого беше избран Реџеп Мејдани, па Алфред Моисиу, Бамир Топи и актуелниот Бујар Нишани.
Ново на Сител
-
Премиерот и 6 министри седат на две столчиња
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова