Илјадници Израелци протестираа во Тел Авив барајќи враќање на заложниците од Газа
Неколку илјади Израелци синоќа се собраа во Тел Авив за да побараат итна владина акција за да се обезбеди ослободување на заложниците во Газа, откако армијата ги пронајде телата на три лица киднапирани од палестинското движење Хамас на 7 октомври.
Демонстрантите им оддадоа почит на загинатите заложници со едноминутно молчење на плоштадот во Тел Авив.
Израелската армија во петокот објави дека нејзините сили пронашле безживотни тела на тројца заложници за време на операција во Џабалија, во северниот дел на Појасот Газа.
Војната во Појасот Газа започна на 7 октомври по нападот на Хамас, кога загинаа повеќе од 1. 170 луѓе, од кои повеќето цивили. Тој ден од палестинска територија како заложници беа земени 252 лица.
По прекинот на огнот во ноември, кој овозможи ослободување на дел од нив, сè уште има 121 заложник во Газа, од кои 37 се верува дека се мртви, според израелската војска.
Ново на Сител
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти
-
ЈП „Комунална хигиена“: Масовно непрописно исфрлање отпад во близина на контејнерите во Скопје