Илјадници луѓе добија наредба за евакуација од американскиот град Спокен на кој му се закануваат шумски пожари

На илјадници луѓе им беше наредено да евакуираат делови од Спокен во источната американска сојузна држава Вашингтон, додека пожарникарите се борат со неколку шумски пожари.
Властите вчера го издадоа предупредувањето за евакуација од највисок степен поради „тековна или непосредна“ закана, повикувајќи ги жителите веднаш да ги напуштат погодените области и да не се враќаат додека противпожарните екипи ја продолжуваат својата работа.
Гувернерот на Вашингтон, Боб Фергусон, на Фејсбук изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за „страшната и опустошувачка“ ситуација во Спокен и ширум државата.
Фергусон рече дека ќе работат заедно на понатамошните барања за федерална помош. „Оптимист сум дека ќе добиеме брзо одобрување за нашето барање за прогласување сојузна вонредна состојба“, додаде тој.
Во последните денови избувнаа неколку пожари. Пожарот „Олд Траилс“, кој директно се граничи со Спокен, се прошири на околу 14 квадратни километри западно и северозападно од градот.
Пожарникарите исто така се бореа и со помалиот пожар „Фервју“ на североисток, додека пожарот „Отом Лејн“ гореше на север во близина на реката Спокен, според непрофитната апликација за следење пожари „Watch Duty“.
Националната временска служба соопшти дека се очекува ветровите да ослабат во текот на ноќта кон понеделник, но предупреди дека опасноста од нови и постоечки пожари останува висока.
Фергусон во петокот мобилизираше 110 припадници на Националната гарда, а во саботата прогласи вонредна состојба со шумски пожари на ниво на целата држава поради суша, високи температури и силни ветрови.
Тој исто така воведе забрана за повеќето палења на отворено и во земјоделството до крајот на септември.
Спокен, во близина на границата со Ајдахо, во 2025 година имаше население од речиси 231.000 жители, според проценките на американскиот Биро за попис.
МИА
Ново на Сител
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
-

Нарачал 700 грама хашиш од Шпанија да му стигне по пошта во Тетово, го чекале да ја подигне па го уапсиле
-

Утре му истекува притворoт на Јованов - Обвинителството бара да се одбие гаранцијата од 195.820 евра
