Има 50 години, три деца и осум внуци: Трејси сега ќека четворка, а еве како планира да ги воспитува близначињата
Трејси Бритен (50), мајка на три деца и баба на осум, наскоро ќе стане најстара мајка на четворки во Велика Британија.
Имено, таа чека три девојчиња, вклучувајќи и идентични близначки и момче, со својот сопруг Стивен откако двојката се одлучила на вонтелесно зачнување.
Госпоѓата Бритен потрошила речиси 8.000 евра од наследството на мајката за третман за вонтелесно оплодување на Кипар.
Трејси има три деца од првиот брак кои се во триесетите години. Стивен, сегашниот сопруг го запознала во 2005 година, и со него година дена подоцна останала бремено, но поради лошите животни околности се одлучиле за абортус.
„Тоа беше страшно искуство кое влијаеше на мојата желба за уште едно дете“, објасни Трејси.
Оваа година одлучи да оди на вонтелесно оплодување и дома ја започна хормонската терапија па потоа одлета на Кипар каде во приватна поликлиника ги дала јајце клетките за ин витро оплодување со спермата на Стивен. Оплодени се четири ембриони кои потоа се вратени во нејзината матка. Еден ембрион престанал да се раздвојува, а еден се поделил.
Трејси моментално е во 25 недела, а кога ќе влезе во 32. планира да се породи со царски рез.
Оваа баба има дури осум внуци, кои имаат од 7 месеци до 11 години, никогаш не живеела со својот сопруг Стивен. Планира да ги расте децата во изнајмена трисобна куќа, каде и тој повремено ќе навратува за да и помага.
Ново на Сител
-
Упорноста ни донесе милионски прегледи | Браќа Арџиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 067
-
Мицкоски очекува утре институциите да објават податоци кои се потврда на политиките на краток рок
-
Американски медиуми: Демократиоте во шок по поразот на Харис од Трамп
-
Четворица мигранти загинаа во близина на грчкиот остров Родос
-
Новиот лидер на Хезболах, Касем: Не е можно Израел да победи во војната
-
Републиканците го зголемија своето ново стекнато мнозинство во Сенатот на 52 места
-
Барањето на приватните превозници причина за ново препукување меѓу Град Скопје и претседателот на Советот
-
Зеленски потпиша закони за продолжување на вонредната состојба и мобилизација во Украина