Македонија
25. February 2020 - 16:33

Има ли услови штипската болница да биде карантин за коронавирус?

Остри реакции на опозициската ВМРО ДПМНЕ во Штип, по најавата на министерот за здравство, Венко Филипче дека инфективното одделение во штипската клиничка болница ќе се користи како карантин за евентуални заразени патници од корона вирусот.

Наместо рационално да се размислува, за да се спречи ширењето на опадниот корона вирус, СДС нуди самоубиствено решение. Во град со 50 000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на источна македонија, се предвидува карантин за корона- изјави Љупчо Здравков, ВМРО-ДПМНЕ-ШТИП

Тие сметаат дека со овој потег се загрозува здравјето на граѓаните и бараат да бидат објаснети процедурите во случај на епидемија и дали болницата располага со доволно персонал и материјал за заштита на населението. Во телефонски разговор директорот на штипската болница ни изјави дека се уште немаат добиено писмено известување од Министерството за здравство за карантинот за коронавирусот и за тоа како ќе се одвива оваа постапка. Јавноста ќе биде благовремно известена во моментот кога ќе ги добијат насоките од ресорното министерство.

Инфективното одделение е единственото од ваков тип  во источниот регион, а во него за здравјето на 200.000 потенцијални пациенти се грижат  тројца инфектолози. Во рамките на оваа одделение во моментот има  две карантин соби за по едно лице.-стенд ап 

Останатите болнички соби се со капацитет од 35 болнички кревети. Зградата на Инфективното одделение е посебен објект во кругот на болницата, а во едно од крилата на овој објект привремено е сместено одделението за Неврологија.