Македонија
25. November 2022 - 16:34

Има ли во Македонија вистински „Блек фрајдеј“?

По американски пример – на македонски начин: црниот петок со попусти кај нас трае три недели. Деновиве, продавниците се преплавени со налепници за попусти и до 70 отсто, но во пракса, намалени се само неколку производи. 

Граѓаните се разочарани. Очекуваат попусти на прехранбените продукти, затоа што останатото веќе им е луксуз.

Од друга страна, во извештај на Светска Банка, Македонија исплива на неславната листа на топ 10 земји во светот со највисока реална инфлација во храна. Над нас на листата се Зимбабве, Иран, Колумбија...

Искуството од минатите години покажува дека за време на блек фрајдеј трговците имаат и до трипати поголема заработка од просечен петок. Казните, пак, за лажно рекламирање се движат од 4 до 5 илјади евра.

Во Америка со овој ден се означува почетокот на големата божиќна шопинг сезона и е најпрометен ден во малопродажбата.