-->
-->
Имала рак на матката: Кога и земале крв во болница, сите околу неа паднале во несвест!
-->

На 19. февруари 1994 година, болничарите на Брза помош во количка донела млада жена во болницата во американскиот град Риверсајт. Жената била свесна, но на прашањата на докторите одговарала со едносложни реченици. Имала плитки вдишувања, а срцето и чукало со неприродна брзина. Крвниот притисок и бил многу покачен.
Изгледал како уште еден нормален случај на Брзата помош. Единствено нешто што било чудно биле годините на жената - барем така тври Морин Велч, докторката која била дежурна. Таквите симптоми се карактеристични за постарите луѓе, а пациентката имала само 31 година. Покрај тоа, имала тумор на матката. Се викала Глорија Рамирез.
Докторите извршиле стандардна процедура, лекови за смирување и лекови за срцето. Велч, се обидела да пумпа воздух во белите дробови на пациентката. Откако тоа не помогнало, се обиделе со дефибрилатор. Кога и ја соблекле кошулата приметиле бизарен мрсен сјај на нејзиното тело, а од устата необиченна миризба - како мешавина од овошје и лук.
Кога се обиделе да и земат крв, отровни гасови почнале да излегуваат од неа.Секоја од присутните сестри, започнале да се жалат една на друга од вртоглавица и почнале да паѓаат во несвест. Кога се освестиле, дел од нив воочиле дека немаат контрола над екстремитетите. Секој од 23. присутни доктори кои биле во контакт со пациентката имале некои бизарни симптоми.
На овој случај полициските инспектори работеле со години, а на крајот е откриено дека како резултат на медицински третман кој Глорија го примила, во нејзиното тело се создало бизарна токсична мешавина на различни лекови и креми. Се разбира, тие не можат да гарантираат дека нивната теорија за апсолутно точна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кошта: Усвојувањето на договорените уставни измени останува единствен начин за формално почнување преговорите
-

Сиљановска-Давкова положи венец пред Споменикот на слободата во Девин
-

Мицкоски го пречека Кошта, по тет-а-тет средбата ќе има состанок на двете делегации и заедничка прес-конференција
-

Канал 12: Напнат разговор меѓу Нетанјаху и Трамп околу израелските напади врз Бејрут
-

Собир на граѓани го блокира сообраќајот на „Бутелска“
-

Антонио Кошта пристигна во Скопје
-

Во Вашингтон нова рунда директни преговори помеѓу Израел и Либан
-

Најмалку 16 луѓе повредени во невреме во Јапонија
