Именувани нови директори на неколку јавни здравствени установи
Министерството за здравство денеска соопшти дека се именувани нови директори на неколку јавни здравствени установи.
Нов директор на Институтот за трансфузиона медицина на РМ е д-р Кочо Димитровски, на Клиничка болница Битола – д-р Зоран Лазаров, на Општа болница Кавадарци – д-р Диме Коцев, на Општа болница Велес – д-р Димитар Стровјански, на Универзитетска клиника за дигестивна хирургија – д-р Зоран Караџов, на Универзитетска клиника за детски болести – д-р Катерина Ставриќ, на Универзитетска клиника за психијатрија- д-р Стојан Бајрактаров, на Универзитетска клиника за неврохирургија – д-р Владимир Рендевски и на Универзитетска клиника за максилофацијална хирургија – д-р Славе Наумовски.
За директор на Завод за физикална медицина и рехабилитација-Скопје е именувана д-р Маја Манолева, на Здравствен дом Битола – д-р Весна Спировска, на Здравствен дом Крива Паланка – д-р Бранко Стаменковски, на Здравствен дом Кратово – д-р Љупчо Бојаџиев, на Здравствен дом Виница – д-р Венцо Вијунов, на Здравствен дом Пробиштип – д-р Гоце Неделковски, на Здравствен дом Струмица – д-р Љубица Митева и на Завод за слух, говор и глас Битола – д-р Дивна Најдовска.
Министесртвото за здравство информира и дека е разрешен економскиот директор на Клиниката за гастроентерохепатологија.
Ново на Сител
-
Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол
-
25-годишен скопјанец со „мерцедес“ удрил во канделабра
-
Малолетници од Гостивар во бессознание завршиле на болница - пиеле алкохол во дискотека
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар