Инцидент со потоната педалинка на Охридското Езеро, нема повредени
Секторот за внатрешни работи од Охрид соопшти за инцидент што викндов се случил на Охридското Езеро, што минал без повредени лица.
Станува збор за инцидент случен на 31 август, кога потонала педалинка што за рекреација ја изнајмиле три млади лица од Гостивар.
Имено, во 14.15 часот 21-годишно лице од Гостивар пријавило дека околу 13.10 часот педалинката што заедно со уште две лица исто така од Гостивар ја изнајмиле на плажа и со која се возеле по езерото, почнала да тоне на оддалеченост од триесеттина метри од брегот. Притоа двете лица испливале на брегот, а лицето што го пријавило случајот во полиција со помош на лица од друга педалинка што била во близина било префрлен на брегот.
На местото на настанот е извршен увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло