Инфантино: ФИФА ќе обезбеди најдобри можни услови за Иран на СП

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека организацијата нема резервни планови за учеството на иранската репрезентација на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
– Живееме во реалниот свет и разбираме колку е тешка ситуацијата за иранската репрезентација, но работиме и ќе се погрижиме тие да ги играат своите натпревари на Светското првенство во најдобри можни услови. Нема план Б, Ц или Д – само план А. Живееме во сложен геополитички контекст и не можеме да ги решиме овие проблеми, но имаме способност да се обединиме и да создадеме услови светот да се собере во атмосфера на мир и прослава, изјави Инфантино.
Претходно, шефот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Таџ, објави дека е во преговори со ФИФА за преместување на нејзините натпревари од Светското првенство од САД во Мексико. Федерацијата апелираше до ФИФА откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го смета присуството на Иранците на турнирот за несоодветно за нивната сопствена безбедност.
Според распоредот на турнирот, Иран треба да игра против Нов Зеланд (16 јуни) и Белгија (21 јуни) во Инглвуд, по што ќе следи натпревар во Сиетл против Египет (27 јуни).
На 28 февруари, САД и Израел почнаа да напаѓаат цели во Иран, вклучувајќи го и Техеран.
МИА
Ново на Сител
-

ФФМ покрена дисциплинска постапка против Вардар за недоличната прослава на титулата
-

Два големи шумски пожари горат во јужна Калифорнија
-

Илон Маск ја загуби тужбата против „ОпенАИ“ и извршниот директор Сем Алтман
-

Македонец шверцувал 850 грама златна плочка во кондура на Богородица | ФОТО
-

Ешбурн, град што го поврзува светот
-

Николоски на „Фејсбук“: Одлична вест за македонските транспортери
-

Приведен дилер од гостиварско за издржување затворска казна, спроведен е во затвор за издржување на казната
-

Руската армија најави тридневни воени вежби за ракување со нуклеарно оружје
