Иницијатива за воспоставување авиолинија Охрид-Белград
Повторното воспоставување директна авионска линија на релација Белград - Охрид - Белград во значајна мера ќе придонесе за развојот на туризмот во Охрид, а ќе придонесе и за олеснување на патувањето за туристите од прекуокеанските земји и нашите иселеници.
Тоа е оценката на градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески кој вчера оствари средба со раководството на српската авиокомпанија „Ер Србија“.
- Со поврзувањето и конекциите кои белградскиот аеродром ги разви изминатите неколку години, Охрид ќе биде поврзан и со голем број европски дестинации од кои може да идаат гости. Со најавената линија на белградскиот аеродром со Њујорк која ќе започне да оперира пет пати неделно почнувајќи од јуни годинава, се создаваат можности, доколку секако го потпишеме договорот, за поврзување на охридскиот аеродром и со прекуокеанските држави како што е САД и привлекување гости од таму, а ќе ја привлечеме и нашата дијаспора која ќе може на полесен начин да дојде во Охрид, рече денеска Бакрачески.
Средбата во Белград ја оцени како конструктивна, на која бил пројавен интерес за воспоставување директна авионска врска.
За охридската локална самоуправа постои особен интерес таквата иницијатива да се реализира, бидејќи е во согласност со напорите за интензивирање на сообраќајот кон аеродромот во Охрид. Бакрачески информира дека се прават напори за воспоставување авиолинии и до некоја од дестинациите во северна Италија или северна Германија.
Ново на Сител
-
Македонија води на полувреме против Словенија
-
Без струја утре делови од Аеродром, Центар и Ѓорче Петров
-
Челси не сака да го задржи Санчо
-
Стани мастер на својот ум | Кристина Дескоски | Личен развој | Sitel Podcast 085
-
Обвинителството соопшти дека поради намален ризик од бегство Јахоски добил куќен притвор во случајот за набавка на мазут
-
Жена удрила 18-годишно девојче со автомобил, па избегала
-
БНД: Коронавирусот потекнува од лабораторија во Вухан
-
Приведен 74-годишен маж од Скопје, бил агресивен кон полицајци