Иницијативата на ЗЕЛС за општокорисна работа помина на Влада: Кои се следните чекори на работната група?
Иницијативата на ЗЕЛС за вршење на општокорисна работа за малолетниците деликвенти и нивните родители, помина на Влада. Сега со работа почнува и посебна група, која ќе истражува кои закони треба да се променат за да се почне со казнување на сите оние деца кои вандализираат паркови и игралишта.
Владата на вчерашната седница отвори дискусија по истата и покрај прифаќањето на иницијативата за формирање на работна група со сите надлежни институции кои треба да го разгледаат предлогот, го задолжи Министерството за локална самоуправа да одржи состанок со УО на ЗЕЛС каде ќе се дискутира подетално за идни можни решенија кои ја третираат оваа област.
Средба токму за овие теми инволвираните, имаат попладнево.
По расправата, инволвираните очекуваат законските измени за брзо да се најдат пред пратениците. Вандализирањето на објекти го одбележа и почетокот на 25.
Деца разбиле врата од спортска сала во Пинтија. Исто така, малолетници деликвенти оштетиле и ограда која била поставена покрај трибина на игралиште лоцирано на ул.„Пандил Шишков“ во Скопје. Во овие случаи полицајците се уште трагаат по деликвентите.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар