Македонија
3. July 2020 - 20:03

Инспекторите излегоа на терен по новите труења, но сендвичарницата „Гранд Бургер“ не работи

Последните случаи за затруени од Гранд Бургер, попладнево ги екипираа надлежните. Инспекторите излегоа на увид но наидоа на затворена врата.  Во центарот за јавно здравје со посочен извор  пријавени се 2 пациенти од Токсикологија и 3 во болницата 8ми септември, кои вчера побарале лекарска помош.  Инспекторите дојдоа, видоа дека е затворено и си заминаа. Без присуство на одговорно лице, тие тврдат дека не можеле ништо да направат.  Сопствениците кои што според информациите самите затвориле во средата попладне, така сами можат да отворат кога ќе посакаат. Пломба за нив нема, бидејќи надлежните велат законот тоа не го дозволува. Доколку отворат во скоро време, најверојатно ќе се земат мостри но тогаш нема да бидат релевантни.

Од АХВ кои во вторникот, по претставка од граѓани направиле увид и земале примероци, резултатите се уште ги чекаат.

 Според ДСЗИ вкупно 21 лице помош побарале во јавните и приватни болници изминативе денови. По допрен глас, инспекторите вчера правеа проверка во клиниките. Оттаму добиле информација дека случаите се пријавени во Центарот за јавно здравје. 

Директорот на Центарот пак тврди дека не постапиле бидејќи маилот не работел. Кога побарале да се достават пријавните картици , во нив не била наведена сендвичарницата, иако истото било наведено во маилот. Тој не гледа простор за одговорност по направениот пропуст.

Одговор се обидовме да добиеме и од Гранд Бургер, но никој не крена на објавените телефони за контакт.