Интензивно се гради спортско-рекреатвиниот комплекс Починалиште во Ресен

Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Општина Ресен интензивно работат на изградба на спортско-рекреативниот комплекс на излетничкото место Починалиште, кој денеска го посетија директорката на Центарот Емилија Геровска и градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезовски.
Комплексот, како што информира Геровска, се состои од повеќенаменско игралиште, детски забавен парк, два видиковци, пристапни патеки, патеки за пешачење, 22 нови канделлабри за осветлување, комплетно хортикултурно уредување, паркинг, урбана опрема... Предвидено е реновирање и доизградба и на амфитеатарот, место, на кое според директорката, ќе се одржуваат голем дел од културните содржини во Преспа.
- Станува збор за исклучително важен, убав и атрактивен проект, кој уште сега додека е во фаза на градење е многу посетен. Имаме комбинација на место за рекреација, излет и спортски активности.Навистина нова содржина која претходно не постоеше во оваа општина, која убедена сум одговара на потребите на жителите и ќе биде многу користено место, изјави Геровска.
Градоначалникот Стрезовски смета дека спортско рекреативниот комплекс Починалиште, според мултифункционалноста и визуелниот изглед ќе има едно извонредно значење за преспанчани, но и за сите што ќе дојдат во Ресен.
- Ќе се зголеми туристичката понуда на Ресен и Преспа, која од година во година е се поголема. Веднаш до комплексот се наоѓа и Гимназијата, така што ќе биде атрактивен и за средношколците, а во непосредна близина ќе се наоѓа и типската наслеба каде ќе се градат куќи од проектот „Купи куќа за млади“, истакна Стрезовски.
За реализација на проектот обезбедени се 5.200.000 денари од Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион , преку Агенцијата за Финасиска подршка на земјоделието и руралниот развој и околу 800.000 денари од Општина Ресен. Градежните работи треба да завршат до почетокот на летото.
Ново на Сител
-

Тошковски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог со САД носи конкретни резултати за безбедноста
-

Муцунски од Вашингтон: Стратешкиот дијалог ја реафирмира нашата улога како кредибилен сојузник и партнер
-

Уапсени седум лица, сузбиена организирана криминална група што недозволено тргувала со дрога | ФОТО
-

Намален бројот на ученици во основните училишта
-

Угостителски услуги во периодот јануари - март поскапеле за 3.0 % во однос на лани
-

Трамп за најавениот напад врз Иран: Вечерва ќе умре цела една цивилизација, која никогаш нема да се врати
-

Го оштетиле буџетот за 6,5 милиони евра, обвинети 25 лица меѓу кои службеници во УЈП
-

61 годишник натепал контролор на ЈСП откако го затекнал без билет
