Loading Video...
Фудбал
22. September 2021 - 11:07

Интер со пресврт победа над Фиорентина до лидерското место во Серија А

Екипата на Интер сега е нов лидер на табелата во италијанската Серија А.  
 
„Неро-аѕурите“ со пресврт во вториот дел славеа на гостувањето кај Фиорентина со 3-1. 
 
Иако домаќините со голот на Соти (23-минута) по првото полувреме создадоа предност сепак во вториот дел гостите од Милано постигнаа три гола. 
 
За само две минути преку Дармиан (52) и Џеко (55), Интер го направи пресвртот, а победата ја потврди Перишиќ во 87-минута. 
 
Сега Интер е на првото место на табелата со бод повеќе од Наполи кој утре гостува кај Сампдорија, меч во кој тимот на Ељиф Елмас ќе се обиде да стигне и до петата победа во исто толку одграни натпревари, а со тоа и да се врати на врвот на табелата.