Бизнис
21. November 2019 - 16:49

Инвеститорите бараат да нема мораториум за градба во Охрид за да се развива туризмот

Инвеститорите се против морториумот за градба. Тие сметаат дека оваа мерка им нанесува штета и ги одвраќа од идејата да вложуваат во развојот на туризмот, според нив  најголемиот проблем за градот е колекторскиот систем а не градбата.

Со оглед на тоа дека нема генерален урбанистички план од 2004 година зголемен е бројот на дивоградбите во градот.

Павлов од комисијата за управување со охридскиот регион пак на став дека мораторимот е алатка која се препорачува од центарот за светско наследство за да се воведе ред во неконтролираната урбанизација додавајќи дека инвестирањето не е само градењето на луксузни хотели туку за развој на туризмот постојат и други алтернативни решенија.

Планот за заштита кој треба да ја даде рамката за управување со регионот предвидува зонирање и забрана за градење.

Од комисијата за управување со охридскиот регион велат дека планот кој е е во завршна фаза ке овозможи успешно справување со предизвиците за да се сочува светското наследстсво .