Loading Video...
Македонија
15. April 2024 - 16:37

Иран: Доколку Израел тргне во одмазда ќе одговориме со пожестока акција

Доколу Израел тргне во одмазда, одговорот на Иран ќе биде многу поголем од ноќната воена акција извршена викендот предупреди Иранското Министерство за надворешни работи.

„Ако меѓународната заедница и Советот за безбедност реагираа на агресивните дејствија на Израел во изминатите години, сега немаше да видиме такви храбри акти од овој режим. Доколку биде преземена друга акција од страна на Израел, нашите акции ќе бидат посериозни, порача портпаорлот на иранското миникстерствот за надворешни работи.

Израел е решен да одговоори на нападот на Иран, кој следуваше како одмазда за израелскиот напад врз иранскиот конзулат во главниот град на Сирија на почетокот на месецот, но допрва треба да одлучи кога и во каков обем  ќе возврати.

Одлуката според  најавите, ќе биде донесена во следните 24 часа.  Белата куќа го предупреди Израел дека САД нема да учествуваат во какви било одмазднички напади врз Иран, а ОН, ЕУ и Г7  повикаа на максимална воздржаност од Техеран и Тел Авив.

- Блискиот исток е на работ. Народот во регионот се соочува со реална опасност од разурнувачки, целосен конфликт. Сега е време за смирување и деескалација. Сега е време за максимална воздржаност истакна генералниот секретар на ОН.

На синоќешната вонредна седница на советот за безбедност на ОН, Израелскиот амбасадор побара советот за безбедност да воведе санкции за Иран.

- Активирајте го механизмот за враќање и повторно воведување на осакатувачки санкции. Означете го корпусот на иранската револуционерна гарда како терористичка организација. Акција мора да се преземе сега, не за доброто на Израел, не за доброто на регионот, туку за доброто на светот Стоп за Иран“.

Иран кон Израел во саботата  лансисраше повеќе од 300 беспилотни летала, крстосувачки проектили и ракети.

Израел соопшти Најголем дел од дроновите, проектилите и ракетите ги собориле Израелците надвор од нивната територија, а во одбивање на иранскиот напад помогнале  и американски и британски трупи. Западот го осуди иранскиот напад врз Израел додека според Русија е  легитимен одговор на нападот на израелската армија врз дипломатската мисија на Техеран во Сирија и неподготвеноста на  Советот за Безбедност на ОН   да го осуди.