Иран го обвинува Израел за смртта на генерал на Револуционерната гарда во нападот во Дамаск
Генерал во иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамад Реза Сахеди, е убиен денеска во, како што го нарече Иран, израелски напад врз зградата на неговиот конзулат во Дамаск, објави иранското државно радио.
Како што пренесува ДПА, повикувајќи се на иранската новинска агенција Тасним, Сахеди бил одговорен за операции во Сирија и Либан.
Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) го потврди убиството на водачот на силите Кудс, еден од петте ограноци на ИРГЦ.
Според прелиминарните информации, во нападот се убиени и двајца ирански советници и пет членови на ИРГЦ. Тоа беше втор ден по ред како Израел, наводно, нападнал сириска територија.
Според иранската државна телевизија, резиденцијата на амбасадорот Хусеин Акбари се наоѓала во приземјето на погодениот дел од зградата. Сепак, дипломатот и неговото семејство не се повредени, се вели во соопштението. Поради верскиот празник, се верува дека таму немало ниту еден вработен.
Денешниот напад уништи анекс до иранската амбасада што служел како конзулат во населбата Ал Мезе во западен Дамаск, јави сириската државна новинска агенција САНА. На фотографии објавени на социјалните мрежи се гледа чад и остатоци до главната зграда на иранската амбасада.
– Околу 17 часот оваа вечер (14:00 часот по Гринич), израелскиот непријател почна воздушна агресија од правец на окупираниот сириски Голан, гаѓајќи ја зградата на иранскиот конзулат во Дамаск, соопшти агенцијата, цитирајќи сириски воен извор кој додал дека противвоздушна одбрана соборила некои од ракетите.
Израелските воздухопловни сили постојано бомбардираат цели во соседна Сирија во обид да го спречат Иран и неговите сојузнички милиции, како што е либански Хезболах, да го прошират своето воено влијание во земјата.
Нападите се интензивирани од почетокот на војната во Газа пред речиси шест месеци. Сирија доцна синоќа соопшти дека Израел нападнал област во близина на Дамаск со четири проектили, при што биле ранети двајца цивили.
Повеќе од 50 луѓе беа убиени во петокот во воздушни напади во северозападната сириска провинција Алепо. Според СОХР, повеќето од жртвите биле сириски воен персонал. Мешу жртвите имало и припадници на шиитската милиција Хезболах, поддржана од Иран.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица