-->
-->
Иран вели дека три танкери за нафта биле погодени од ракети
-->

Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) вели дека три танкери за нафта од САД и Велика Британија биле „погодени од ракети и горат“, според државните медиуми.
САД и Велика Британија не ги потврдија овие извештаи.
Операциите за поморска трговија на Велика Британија во своето дневен резиме велат дека „биле пријавени повеќе инциденти со поморската безбедност“ во областа. Се вели дека два брода биле погодени од „непознат проектил“, што предизвикало пожари. Не е јасно од каде се овие бродови или каде се регистрирани.
Танкерите биле погодени во Заливот и во Ормускиот теснец, кој сега е затворен. Теснецот се смета за еден од најважните поморски трговски патишта во светот и клучна точка за транзит на нафта.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Армијата на Кувајт се соочува со нови напади
-

Трамп: Куба ќе падне
-

Муцунски: Успешно завршена евакуацијата на македонските граѓани од Израел
-

СЗО потврди 13 напади врз здравствената инфраструктура во Иран, четворица убиени
-

Папата Лав Четиринаесетти ги повикува светските лидери да се откажат од војната
-

Трамп: Морам да учествувам во изборот на новиот ајатолах
-

ЦУК: Пријавено палење кабли во Маџари, испратени пожарникари и полиција
-

Водата во Струга не е исправна за пиење, покажале последните анализи на ИЈЗ
