Кошарка
28. јуни 2022 - 10:39

Ирвинг останува во Бруклин и следната сезона

Еден од најдобрите кошаркари во НБА-лигата, Кајри Ирвинг ја искористи опцијата во актуелниот договор да ја продолжи соработката со Бруклин нест на уште една сезона.

Според инсајдерот на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски, играчот бил убеден дека нема опции за потпишување и тргување со друг тим.

Уште еден добар познавач на состојбите во НБА, инсајдерот на „Атлетик“, Шамс Шаранија, потврди дека Ирвинг одлучил да остане во Бруклин, сакајќи да ги исполни своите обврски кон Кевин Дурант и клубот.

– Нормалните луѓе прават светот едноставно да постои, но оние кои се осмелуваат да бидат различни нè водат во иднината. Донесов одлука да останам во Нетс. Се гледаме наесен, е коментарот на Ирвинг.

Во сезоната 2022/23, Ирвинг ќе заработи 36,9 милиони долари.

Претходно беше објавено дека односите на Ирвинг со раководството на клубот се влошиле и тој повеќе нема намера да игра за Бруклин.
Кошаркарот имаше можност да влезе на пазарот за слободни играчи ова лето и да потпише повеќегодишен договор. За неговите услуги беа заинтересирани Њујорк никс, Лос Анџелес клиперс и Лос Анџелес лејкерс.