Исламист со белгиски пасош осуден на смрт во Ирак нуди да ги открие мрежите на ИД во Европа

Исламистот Тарик Џадаун, роден во Белгија, во интервју тврди дека Исламската држава има терористи распоредени низ Европа кои се подготвени да извршат напади.
Во интервју за белгиската телевизија Џадаун истакна дека е подготвен да соработува со белгиските власти за да се разоткријат терористичките мрежи. Во замена, Џадаун бара да биде ослободен од затворот во Ирак каде седи во притвор од септември, кога беше заробен за време на борбите за градот Мосул.
Белгискиот премиер Шарл Мишел најави дека нема да преговара со ирачките власти за спасување на Џадаун, или било кој друг исламист со белгиско државјанство кој е заробен на Блискиот Исток. Џадаун презеде одговорност за организирање на терористичките напади врз Брисел во 2016 година, а работел и на регрутирање деца за исламистички напади.
Ново на Сител
-

Следува период на стабилно и суво време
-

Уапсен беровчанец, возел со 1,96 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола
-

Со само 100 денари до нов автомобил!
-

Уапсен Србин во Гевгелија, криумчарел шест мигранти од Египет и Палестина
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
