-->
-->
Исповед на таткото на Наташа: Не можеме да бидеме добро после ваква трагедија, нејзиното тело е цело модро
-->
Наташа Беквалац се опоравува во кругот на семејството во станот на Дедиње откако што ноќта меѓу петокот и саботата брутално ја претепа нејзиниот сопруг Лука Лазукиќ.
Таткото на Наташа, Драгољуб Беклвалац во сведоштвото вели дека нејзината ќерка има видливи траги од насилство и моментално семејството Беквалац не се чуствува добро.
- Не може човек да биде добро после ваква трагедија. Никој од нас не е добро. На телото на Наташа има висливи траги на насилство и моментално мислиме само за нејзино опоравување, раскажува Драгољуб беквалац.
Додава дека моментално сите се заедно, дека Наташа е постојано покрај ќерките Хана и Катија, и цело семејство се дружило да и помогнат барем емотивно, а физичкото опоравување ќе си дојде само по себе.
- Наташа е јавна личност и моментално е во центарот на вниманието поради овој инцидент така да ве молам да не разберете што уште не сака да разговара на оваа тема ниту медиумски да се експонира. меѓутоа, можам да ви кажам да се надеваме дека токму оваа несреќа која се случи на една јавна личност да ги разбуди надлежните. Ние сме правна држава, верувам во нашето законодавство и се надевам дека надлежните ќе изреагираат на адекватен начин бидејќи крајно време е да се стави крај на семејното насилство - потресно зборува таткото на Наташа.
Според неговите зборови, луѓето мораат да сфатат дека насилството во семејството не го погодува само обичниот свет, туку дека тоа е проблем од широки размери на што мора да му се застане на патот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претпладне сончево, попладне услови за локален пороен дожд
-
Макрон го поддржа планот на Бајден за прекин на огнот во Газа
-
Калас: Естонија нема план „Б“ доколку Украина ја загуби војната
-
Тајани: Одлуката на Шолц за употреба на оружјето на руска територија може да доведе до Трета светска војна
-
Пребројување министерски места
-
Орбан: Мора да спречиме Европа да влезе во војна со Русија
-
"Марш за живот" во Тирана против предлог-законот "Сексуален живот и репродукција"
-
Тепачка меѓу затвореници во Идризово