Loading Video...
Фудбал
14. August 2020 - 1:49

Историски пласман на Лајпциг во полуфиналето на Лигата на шампиони

Екипита на Лајпциг направи историски успех со пласманот во полуфиналето во  Лигата на шампионите, откако во четвртфиналниот меч го елиминира Атлетико Мадрид.
 
И вториот четвртфинален меч од завршницата во Лигата на шампионите што се одржува во Лисабон заврши со резултат 2-1. 
 
Лајпциг славеше победа над фаворизираниот Атлетико Мадрид со што германската екипа стана вториот тим кој се пласира во полуфиналето.
 
По неефикасниот прво полувреме, во вториот дел беа постигнати трите гола.
 
Во 51-минута Дани Олмо му донесе предност на Лајпциг од 1-0. До израмнувањето се чекаше до 77-минута кога Жоа Феликс го реализира пеналот за Атлетико и израмнување на 1-1. 
 
И додека сите полека се подготвуваа за продолженија на две минути пред крајот по ударот на Адамс топката го закачи Савиќ менувајќи го правецот и заврши зад грбот на Облак. 
 
Така тимот на Лајпциг кој е формиран само пред 11 години, успеја да се избори за пласман во полуфиналето во кое за противник ќе го има ПСЖ кој во првиот четвртфинален меч со 2-1 ја победи Аталанта. 
 
Вечерва на стадионот „Луж“, ќе се игра третиот меч од четвтртфиналната рунда, кој со право го носи епитетот „финале пред финалето“ бидејќи во него ќе играат Барселона и Баерн Минхен тимови кои имаат освоено по пет титули во Лигата на шампионите. 
 
Победниците од овој натпревар, како и утрешниот меѓу Манчестер Сити и Олимпик Лион ќе ја формираат втората полуфинална двојка.