Истражување: Ван Гог имал делириум тременс
Познатиот холандски сликар Винсент ван Гог (1853-1890) најверојатно имал две фази на делириум тременс, кога одеднаш се обидел да се ослободи од алкохолот, посочува ново истражување на стручњаци од Холандија.
Имено, истражувајќи ја неговата психа врз основа на стотици писма што ги испратил, претежно до неговиот брат Тео, тие откриле дека уметникот најверојатно имал две епизоди на делириум тременс, предизвикани од нагол прекин на алкохолот, откако тој си го пресекол увото.
Докторите нагласуваат дека ова не мора да е 100 насто точно, затоа што „пациентот не е жив за да одговори на нивните прашања“.
Делириум тременс е најтешка компликација на болеста алкохолизам и се јавува по ненадеен прекин на консумацијата алкохол. Можноста од смртност од овој чин порано била 35 отсто, а денес е околу три насто.
Славниот уметник немал шизофренија, но страдал од „маскирана“ епилепсија, што може да предизвика анксиозност, заблуди и халуцинации. Во случајот на Ван Гог, епилептичните епизоди може да биле предизвикани од начинот на живот што го водел – тој злоупотребувал алкохол, бил неухранет, спиел слабо и бил психички исцрпен, како што велат истражувачите.
– Иако неговите писма содржат доста информации, мора да имаме предвид дека тој не ги испратил до лекарите, туку до членови на семејството и роднини, за да ги информира за својата состојба. Затоа, нашиот извештај за Ван Гог нема да биде последен во врска со неговата болест, рече Вилијам Нолен, психијатар кој е дел од истражувачкиот тим.
Во истражувањето се говори дека сликарот страдал од најмалку две психички болести – манично-депресивна психоза и нарушувања на личноста, но лекарите во тоа време не му дијагностицирале ништо. Винсент ван Гог почина на 29 јули 1890 година, два дена откако посегнал по својот живот.
Ново на Сител
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
-

Институтот за македонски јазик доставил забелешки за Предлог-законот за високото образование
