Бизнис
20. January 2020 - 16:38

ИТ индустријата со најдобри услови за младите

Mладите да се насочат кон ИТ индустријата. Работата е флескибилна, добро платена и не бара високо формално образование. Компанијата Докстим е пример за тоа. За кратко време 17 млади луѓе во фирмата успеаа да создадат производ кој веќе се продава во странство. Првата фирма корисник е од Швајцарија.

Младите дивелопери може, но и не мора да се високообразовани на соодветните факилтети. Државата преку Агенцијата за вработување нуди можности за сите да се доквалификуваат или преквалификуваат за да можат влезат во бизнисот.

ИТ индустријата е најбрзорастечка кај нас, затоа и добива посебна поддршка од Фондот за иновации во две години.

Во моментов Фондот за иновации поддржува 314 микро, мали и средни фирми во вкупна вредност на прокетите од 57 милиони евра. Споредено со 2017 поддршката е зголемена за 50 пати.